Радио Милева состојбата му е сепак загрижувачка?

Миа Костова потврди: „Панчо е критично!“

Миа Костова потврди: „Панчо е критично!“

По разните шпекулации и дезинформации за здравствената состојба на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, најпрвин вчеравечер се огласи пејачката Ребека која обзнани дека неговата состојба не добра и дека тој е префрлен на лекување во приватната клиника „Систина“.

Вистина.ком.мк преку свои извори дознава дека состојбата на ар би артистот од ДНК навистина не е добра иако засега тој е стабилен и не е во животно загрозувачка состојба. Ставен е на кислородна поддршка но според некои извори состојбата му се влошила, заради изгорената трахеа и можноста од наводна појава на оток во белиодробното крило. Но, овие информации  не се јавно лекарски потврдени иако наголемо се вртат во естрадно-медиумските кругови.

Но, основата за сомнежот дека здравјето на Панчо за жал е влошено ја поткрепи и објавата на македонската инфлуенсерка и водителка Миа Костова, која пред неколку години и блиску соработуваше со ДНК, играјќи ја главната женска ролја во видеото за нивниот музички видеоспот „Ние“.

„Гледам дека објавуваат дека Панчо е вон животна опасност. Панчо е критично! Во следните денови колку и да е тешко,молете се за него и пуштете позитивна мисла за да ја извојува неговата најтешка битка. Држи се џуџе, сите сме до тебе!“ – споделила Миа на своите Инстаграм приказни во тек на денов.

Фото: Инстаграм/miandrija

To top