Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалкo, Хелена Топаловиќ и нејзиниот сопруг Драган Алексиќ, се венчаа во септември 2021 година, а неодамна станаа родители.
Драган не сака да се експонира на социјалните мрежи, што не е случај со Хелена која речиси секојдневно објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Хелена сега, всушност, им се пожалила на своите следбеници дека нејзиниот сопруг не сака да се експонира во јавноста и во таа прилика изјавила дека љубовта прави чуда.
– Жал ми е што мојот сопруг не сака да го објавам на Инстаграм, но на една фотографија можете да видите како ме држи и не ме пушта. Мислам дека го надмина стравот од височина. Љубовта прави чуда – напиша Хелена.
View this post on Instagram
Таткото на Хелена, да потсетиме, неодамна откри дека Хелена започнала приватен бизнис.
– Одсекогаш била способна за работа, далеку е пред мене, јас сум неспособен за работа, јас сум пејач и многу е важно пејачот да е способен за работа за да направи голема кариера, јас сум за тоа дибидус, признавам… – рекол Топалко, за „Гранд“
Фото: printskrin/instagram/helena_topalovic