Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ ужива да оди во теретана и да го усовршува изгледот на телото со кое го привлекува вниманието на јавноста.
За неа не е непознато да се појави во спортски топ и покрај сензуалните и секси градници кои преферира да ги комбинира за на сцената.
Таа неретко споделува како се витка како еластична гума од една поза во друга во теретана, но од сето тоа морала малку да паузира.
Сега во најновата објава таа им откри на фановите дека тоа веќе е минато, а Мартија повторно се враќа на старо.
Секако, на талентираната кумановка потењето во теретана дефинитивно и е омилено бидејќи како што кажа едвај дочекала да им се врати на вежбите.
– После еден месец одмор поради операција се враќаме со тренинзи, а и со настапи. Многу сум среќна – напиша таа на споделената објава.
Мартија во хеланки и спортски градник, позираше и ги покажа своите стомачни за кои тренинзите дефинитивно се заслужни, но пред се’ и годините кои сега ги има.
фото: printscreen/instgaram/martijastanojkovic