Радио Милева провокација за промоција

Мартија Станојковиќ е невиден „феномен“: Пејачката ги испиша стиховите од новата песна смело по голото тело… Само остана тајна, дали и по цело? (ФОТО)

Мартија Станојковиќ е невиден „феномен“: Пејачката ги испиша стиховите од новата песна смело по голото тело… Само остана тајна, дали и по цело? (ФОТО)

Дека светските музички ѕвезди умеат да не изненадат со по некој неочекуван потег, гест, необична работа или тотална будалаштина – оддамна сме навикнати. Но како минува времето, регионалната, а со неа и домашната естрада станува се поблиска до светските збиднувања и трендови, па заличува на светската и тоа во многу нешта. По стилот на музиката и музичките жанрови при изборот на песните, стајлингот, облекувањето, однесувањето, скандалите, видеоспотовите…  По светските и регионалните пејачки и македонските, особено оние од помладата генерација почнуваат да заличуваат на Пинк, Ријана, Бијонсе, Рита Ора, Дуа Липа… Последниот „Макфест“ покажа и со настапите на сцената и потоа во видеата за песните, дека македонските пејачки умеат и да изгледаат светски, ама и да користат светски финти и трикови за да ја намамат пуликата при најавата на новата песна, а подоцна и да ја навлечат на видеото кое изгледа провокативно, фасцинантно, восхитувачки, предизвикувачки… како ли веќе се’ не?

Иако годинава не беше дел од „Макфест“, новите фотографии на младата поп пејачка Мартија Станојковиќ во целост го потврдуваат ова. Атрактивната кумановка најпрвин сподели на Инстаграм нешто што е налик на тетоважа на нејзиниот врат во пределот на гркланот, на кое е испишан поимот „Феномен“! Само ретките и наивните би помислиле дека „малечката убавица“ би можела така да се истетовира, па беше јасно дека само позира за нешто да најави.

Ако во минатото видео само „ѕирнавме“ малку од нејзината „Анатомија“ опеана во нејзината истоимена песна, овој пат Мартија уште во старт покажува многу повеќе „креативна голотија“.

Имено, по „лажната тетоважа“ на вратот, сексапилната кумановка сподели нова фотографија од својата гола биста. Пиштол гола до појас, до душа свртена со грб кон објективот, но сепак во заводлива поза која го одзема здивот. А на грбот испишани стихови, небаре се тетовирани… Секако стиховите се дел од новата песна распослани по голото тело… Само, засега остана тајна, дали и по цело?

Дали  уште една најавна фотографија покажува дека во новата песна ќе видиме многу повеќе „разголена анатомија“ кај Мартија, или тоа е само дел од оние споменати рекламни трикови со кои публиката треба да се намами?

Како и да е, едно е сигурно: Мартија Станојковиќ е невиден „феномен“… Засега осамен на нашиве простори. И со насловот на новата песна и со понудената провокација што ја одбрала за најавната промоција.

Колку ќе има „гола анатомија “ во нејзината видеосторија и на кои  се’ телесни делови нејзините машки обожаватели ќе можат возбудено да читаат стихови… ќе видиме за еден ден во „Феномен“!

Фото: Инстаграм/martijastanojkovic

 

To top