Како зрее во поискусна млада дама, девојка пред која стојат уште многу животни предизвици, оваа позната кумановка секојдневно изненадува од тоа во што се преобразува визуелно.
Младата пејачка Мартија Станојковиќ постојано ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи преку нејзините разновидни модни комбинации кои ги следат трендовите.

Оние што и прилегаат на возраста, конситуцијата, енергијата, сензибилитетот, па дури и оние во кои храбро се труди да се пронајде.
А кога Мартија ќе се стокми во посакуваната комбинација неодоливо зрачи со сексапил и еротска елеганиција. Без оглед дали е приватно по дома, некаде онака неврзано излезена на кафе или на настапите…

Така беше и овој пат кога Мартија одново се појави никогаш повозбудлива, провокативна, сексапилна, во кожен црн комбинезон како жена мачка на сцената.

Моќно и доминантно, магнет за погледи од појава која го пие вниманието до максимум.
А таа, така вешта од секоја позиција и став кој ја бранува машката фантазија…
Милина за уши, а богами и за очи со вакво тело„ спакувано“ во стајлинг кој со оцртува сиот раскош на ситната ама динамитна пејачка чие време допрва доаѓа.
фото:instagram printscreen/martijastanojkovic



