Мартија Станојковиќ несомнено едно од оние нови лица на естрадата која ги има сите предиспозиции да стане голема музичка ѕвезда. И тоа не само во Mакедонија, туку да излезе и надвор од неа, во регионот… Убавата кумановка поседува се’ што треба: И глас и стас и лик и сексапил и доволно талент за сето тоа спакувано да го презентира на сцената, што всушност досега веќе и го покажува.

Ајде, талентот е велат дарба од Бога, ама сте се запрашале ли пејачката од кого ја наследила убавината? Кој ген фатил, од маајка или татко, или можеби од некое колено претходно?

Само еден поглед на оние што не ја знаат на мајка Снежана и веднаш ќе им стане јасно на кого се метнала пејачката, да изгледа така беспрекорно, без мана?

Иако разликата во години би требало да го прави своето, мајката на младата кумановка изгледа тотално нестварно… Како да и(м) е постара или најстара сестра, зашто Мартија веќе постара има една – Лена!

Особено откако госпоѓа мама направила на себе понекоја козметичка промени, сега изгледа како да е некоја друга жена.

Видно ослабена, сега уште повеќе до израз доаѓаат нејзините убави нозе…

Испегланата црна коса пак, само уште повеќе ги елиминира и годините и разликите од ќерките.

Сега, Мартија како да доби уште една „сестра“… Како со магично стапче или некоја волшебна формула преобразена, мајка и’ Снежана сега изгледа за 10-15 години помлада!

Фото: Инстаграм/martijastanojkovic/stanojkovicsnezana70





