Испраќањето на годината секогаш оди во пакет со многу забава, возбудлив амбиент до плафон, песни, здравици, смеа, незаборавни моменти…
Сево ова не би било комплетно, особено за дамите, особено оние познатите, кои никако не минуваат без празнични стајлинзи и фотосесии.
Највпечатливи се оние кога познатите Македонки ќе се „спакуваат“ во црвени фустанчиња со бели детали, а ТВ водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска е една од нив.

Освен што периодов блеска покрај елката во студиото за Лото, уште повеќе ја крева возбудата на Инстаграм и предизвикува силни чувства за разгорување на машката фантазија.
Марјана како подарок, секси изненадување спакувано во црвена кутија!

Кусо црвено фустанче со впечатливо деколте, фризура со брановидни кадрици и заводлив поглед како највпечатлив детаљ… и магијата на фантазијата може да почне…
Ова пакетче е имагинарно за секого, а вистинско само за некого- кој е тој, останува една голема непозната, па и во 2026-та.
фото:Instagram printscreen/marjanamay






