Баба Верица Шерифовиќ е максимално посветена на внукот Марио, па за него прави се’ што ќе посака, макар тоа не и годело на Марија.
Марија Шерифовиќ сподели видео од својот дом, каде што ја снимила мајка си, легендарната фолкерка Верицa Шерифовиќ, додека подготвувала ручек. Но, наместо идилична семејна сцена – настанала мала расправија пред камерите.
Верицa готвела ориз – омиленото јадење на внукот Марио, синот на Марија. Кога почнала со објаснување за количината кромид потребен за рецептот, на Марија ѝ „пукнал филмот“.

Толку ми одиш на нерви, не можете да замислите колку“, рекла Марија Шерифовиќ, насмеана но видно изнервирана.
Верицa не останала должна, па ѝ вратила со доза на хумор:
Толку и ти ми одеше на нерви додека не порасна.“
Видеото веднаш предизвика бројни реакции од фановите, кои уживаат во нивната искрена динамика на комуникација како мајка и ќерка.
фото:Instagram printscreen/serifovic







