За пејачката Марија Луиса велат дека има нешто посебно што кога застанува пред публика на бина, тогаш од нејзината харизма се активира посебна магија од која бакшишот инстантно и се лепи.
Тоа дека е атрактивна и привлечна, осебено за настап, тоа кај неа си оди како по непишано правило, а пак кога ќе ја запее песната што ќе го „погоди“ оној или оние со подебел паричник и пошрока душа, е тогаш денарите и девизите сами доаѓаат кон атрактивната битолчанка.

Оттука, не случајно ја нарекуваат „кралица на бакшишот“ која секогаш и секаде докажува дека со право си ја носи титулата.
Неретко на социјалните мрежи и написите по порталите осамнуваа фотографии во кои секапилната Марија не можеше да го додржи микрофонот, од што рацете и беа преполни со банкноти, а истиот случај беше и минатиот мајски викенд.
Луиса квалитетно се „наполни“илјадарки и по некое евро, што можеби на крајот и требало и вреќичка за да се однесе дома, особено ако носела помала „плик“ чантичка.

Марија Луиса Тодоровска дефинитивно тешко кој може да ја разниша, а камоли да ја симне од тронот кафеанска „кралица на бакшишот“. Додуша, и ретко која друга фолкерка во Македонија може да и парира, кога е екстра заработувачката во прашање.
Епа, со здравје и со мерак да си ги троши!
фото: Instagram printscreen/luisa.todorovska






