Некогаш важеше за модна блогерка, денес горда сопственичка на моден бренд, модел и инфлуенсерка, иако и во последниве две работи не е нешто премногу активна, но и покрај се’, Љупка Митрова „не се симнува“ од социјалните мрежи, а со тоа и неретко од написите по порталите.

Прошетки по најегзотичните белосветски дестинации, скапи брендови гардероба, чевли, чанти, накит, козметика, необични јадења… сексапилната струмичанка посакува да е надалеку видена и прочуена, па затоа оние задоволства што другите не можат, таа себеси може и си ги приуштува!

Но, Љупка има и својата хумана нота… И тоа не случајно, зашто тајмингот беше намерно погоден во време кога средношколците слават матура. Токму по тој повод, во пресрет на матурските прослави таа во една прилика реши да израдува три матурантки со свои фустани, извадени лично од нејзиниот гардеробер.

„Матурантки! И оваа година, подарувам 3 прекрасни фустани од мојот гардеробер за Вашата матурска вечер.
Рангирањето на добитничките е по принципот прво пријавени + финансиски можности.
Ве молам пишете ми во ДМ најдоцна до 3. мај. Наведете и кои фустани по редослед ви се допаѓаат, нпр. 2, 1, 3.
Фустаните ќе ги испратам на добитничките бесплатно низ цела МК. Тагнете другарка и ДМ“ – сподели своевремено атрактивната струмичанка пред да ја стартува својата добротворна мисија.

А, кога Љупка ќе реши нешто да подари, бидете убедени дека подарокот не ниту евтин, ниту петпарачки, туку многу веројатно е дека е од колекцијата на некој познат бренд. Но тоа ништо и не значи, зашто таа што во случајов некој од фустаните ги облекла за матура, покрај тоа што морала да била згодна и атрактивна, морала и да знае истиот и како да го носи.

Затоа нивната прва сопственичка, дарежливата хуманитарка решила сликовито да демонстрира како тоа изгледа кога истиот модел таа го носи на себе. Како изгледа кога таа ќе го облече и не само тоа. На оние што за на денот на матура веќе наполниле 18+ односно станале полнолетни, Љупка случајно или не, при демонстрацијата на моделите им олесни во уште една работа со свои инструкции. Во облекувањето, ама и соблекувањето на подарените примероци.

Првата, бела варијанта на здолниште со длабок шлиц до колкови, најмногу им прилегала на оние што се долгоноги. Можеби не спаѓа токму во нив, ама тоа не значи дека на струмичката убавица и недостасува сексапил, напротив.

На крајот на шлицот една црна врвка, чија машничка со еден потег може да се одврзе, за потоа шлицот за миг ве отвора во препони и… Таа што го облекла сигурно ниту изгледала, ниту си поминала како сите останати! Туку многу подобро, повозбудливо, а веројатно и дома си заминала позадоволна…

Втората комбинација црна… Долга минималистичка деколтирана тоалета, чије впечатливо деколте со пердуви „цвета“… Или поточно кипи и се прелива она бујното што внатре почива.

Па, како што крајот на матурската вечер се приближувавал, додека повеќето останале само со натопени грла и „влажни погледи“ а сепак „суви“, лесно можело да се случи славеничката да остане… без пердуви!

И третиот – едноставен коктел фустан од црна свила и црн проѕирен лелеав тул…

Уште подлабоко деколтиран од претходниот моден егземплар, што значи дека таа што го облекла морала да поседува раскошен природен дар. Или барем како неговата прва сопственичка, силиконска надоградба за бујна предница!

Сепак и овде морало да се обрне мало внимание, зашто како часовите минуваат, а миговите на матурската разделба надоаѓаат, прерамките понекогаш умеат и сами да паѓаат!

Што би требало да носат на себе под било која од трите варијанти што Љупка им ги подготвила за подарок, им покажа самата дарителка…

Речиси ништо, освен нешто малку долна облека… ако и тоа веќе мора!

Се’ на се’, Љупка Митрова подари три фустани за матура… И покажа секси тело за матурска авантура! А вие?
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук и Инстаграм/ljupka_mitrova







