Марија Луиса Тодоровска дека „нема влакна на јазикот“ секако, оддамна е познато. Тоа нешто сто пати го потврдила, зашто пејачката нема предрасуди за многу работи, па ни отворено да одговара на сите прашања И на новинарите и на фановите.
Затоа одвреме-навреме знае да ги отвори „портите“ на своите Инстаграм приказни за своите следбеници, кои слободно можат да ја прашаат се што сакаат. Што и да им падне на памет, Марија нема проблеми да им одговори. Па дури и на оние најинтимните прашања од животот, љубовта и кариерата.
Така беше и овој пат кога пејачката и самата ги повика да и поставуваат прашања, а таа да им одговара со стил, на својот Инстаграм профил!
Очекувано, следбениците најљубопитни за нејзината приватност и љубовниот живот. Марија Луиса во тој сегмент најмногу интригира, па тоа некако најмногу и ги интересира?! Мажачката на прво место, па тоа прашање и го посрттавуваат и најчесто, а чешитата пејачка со одговор во свој стил: „Па не планирам ништо се додека можам да бирам. Кога ќе дојде: дај – што дадеш, ќе му ја мислам“!
Ако не мажачката, тогаш најмногу ги скокотка љубовта, па пејачката ја прашаа дали би била во сериозна врска со помладо момче 5-10 години од неа. А довитливата Марија како од пушка им објасни дека што помладо тоа подобро, ама како не е престарена, 10 помлад – некако не оди таа работа… „Ќе треба да го возам на училиште секое утро, а јас рано не станувам“ – шеговито им одговори таа!
Разбирлив, покрај приватноста, најинтригантна е им е нејзината кариера, па некој се сетил да ја запраша што би правела Марија Луиса што ако падне на дното или западне во тотална криза? Упорната битолчанка со скопска адреса веднаш му одговори дека во животот е навикната на падови…
„Не би се разочарала, би почнала од почеток, навикната сум да ме „треаснат од земја“ и да станам повторно“ – му одговори Марија онака, сигурно!
Сепак меѓу мноштвото вакви и онакви прашања, „шлагот на тортата“ беше она за најинтересната случка, за најголемата брука и срам што пејачката ги доживеала пеејќи на сцена при настапот во еден хотел.
Приказната за „Соба 501“ самата Марија Луиса ја раскажа, па кажа дека и денес кога ќе се сети се срамува за тоа што го направила. И покрај сите претходни извинувања, повторно и во оваа прилика уште еднаш го направи истото, знаејќи дека момчето ова ќе го прочита.
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska