Марија Луиса Тодоровска по епитетот „кралица на бакшишот“ се здоби и со нов – „кралица на поткастот“ по милионските прегледи на социјалните мрежи на нејзините риалси при гостувањето во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски. Нешто што никому од нашите естрадни ѕвезди не му пошло од рака, а ни на регионалните освен на Јелена Карлеуша при гостувањата во некој од македонските поткасти.
Закитена со новата титула и дополнителна популарност, пејачката тргна во вообичаената „жетва на денари и евра“,нешто што нејзината професија и го овозможува. А Марија и тоа како знае да го прпознае и искористи моментот, па „петте минути слава“ со инстинкт на естраден предатор да ги зграпчи и дебело уновчи!
Но, на пејачката исто така добро и е познато дека Интернет популарноста не е доволна сама по себе, па ќарот и тоа како треба да се заработи, или поточно, добро да се одработи. А за тоа е потребно повеќе од микрофон в рака, зашто како што и самата умее да каже, музиката денес многу повеќе се гледа отколку што се слуша, па затоа на тезга не се оди закопчан до гуша! Особено не ако си Марија Луиса, од која сите очекуваат нова модна екстаравганција, моден стил што ќе го потенцира нејзиниот и онака изразен сексапил!
Затоа битолчанката на секој следен настап има нов аутфит и тоа не било каков. Зашто пејачката оддамна сфатила дека што е поестравагантно, тоа е пошокантно и попривлечно, попримамливо и повозбудливо за кафенаската или клубска клиентела, се разбира ако таа сака на крајот на вечерта дома си оди со полна торба бакшиш што им го зела.
Така беше и овој пат, на уште еден настап во низа на кој Марија Луиса тргна полуоблечена… Или полусоблечена, кој како ја перцепира нејзината модна креација која беше комбинација од модерен бел капут обложен со крзно, а под него тесно припиен бордо латекс комбенизон, отворен од рамена до колена.
Истиот исшниран со големи метални алки како од ланец, за дополнително имагинацијата да ја одведе во садо-мазо правец. Комбинација која буди возбуда уште на прв поглед, кој подоцна не ќе можете да го симнете од пејачката, а желбата ќе расне правопропорционално со количината на алкохолот во пијачката, што ќе ја испиете пред задоволни и видно возбудени дома да си заминете.
Впечатокот станува се’ посилен, а естрадната уметничка се’ попожелна, откако ќе замеша и заниша со колковите на сцената. Тогаш еротскиот набој ја достигнува својата кулминација, па ако Марија уште ви ја погоди и песната, она што е следно – бакшишот сам ви излегува од џебот или паричникот, сеедно.
Но, дека се има своја цена, па и бакшишот најдобро знае самата пејачка. Зашто Марија Луиса Тодоровска несомнено е секси до болка, а болката… и буквално до коска! Последиците евидентно болни и впечатливи, врежани во голата кожа.
Зашто пејачката како што покажа како изгледа пред да замине на настап, рано изутрина споделила и како изгледа кога ќе се врати од тезга и од себе ќе ги симне сите “модни крпи“.
Арно ама што да се прави… За убавина – мора да се трпи!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska