Радио Милева никогаш посреќна

Мама Едина Муса се огласи со прва фотка од болница со бебето во раце: „Фала му на Бога“ (фото)

Мама Едина Муса се огласи со прва фотка од болница со бебето во раце: „Фала му на Бога“ (фото)

19. Февруари е датумот кој за Едина Муса и сопругот Александар Димитровски од вчера, па за цел живот ќе има посебно значење – се роди нивниот син.

Бебето уште додека беше во стомакот на мама веќе си го доби името Максим кој уште во првите часови откако дојде на свет, веќе и беше покажан  на јавноста.

 

Мама Едина по објавувањето на бројните честитки кои постојано и пристигнуваа, во доцните вечерни часови се реши да им се заблагодари на сите и да објави прва фотографија со синот во раце легната во болничкиот кревет.

Видно исцрпена од породувањето, тазе породената среќна и горда мама напиша:

-Дечки фала ви за честитеките, со Максим сме супер, фала му на Бога! Фала ви на сите што одвоивте време да ми пишете/ јавите, ми значи- стои во описот.

За потсетување, за поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер ова е прво дете, додека за Александар трето. Тој од првиот брак со пејачката Тамара Тодевска има ќерка и син.

фото:Instagram printscreen/edina_musa and loveclick.mk

To top