Пејачот Жељко Јоксимовиќ веќе 16 години ужива во љубовта со сопругата, водителката Јована Јоксимовиќ.
Нивната љубовна приказна започна на Евровизија во 2008 година, кога беа домаќински пар, а сега се еден од најхармоничните парови на јавната сцена.
Јована и Жељко се заколнаа на вечна љубов кога организираа тајна венчавка на 20 јануари 2012 година. Сè организирале на Малдивите, каде го поминале и првиот заеднички одмор.
Овој пар од бракот го има синот Коста кој се роди во 2014 година, додека во 2017 година се родија близнаците Ана и Срна.
Жељко еднаш откри дека не е особено романтичен, но дека во нивната врска не недостасува љубов.
– Никогаш не сум се сметал за романтичен, малку ми е срам – низ насмевка изјавил Јоксимовиќ и додал дека со романтични работи се занимава неговата сопруга Јована, која често знае со Жељко да договара прекрасни моменти.
Јована на Жељко му приреди прекрасно роденденско изненадување, а Јоксимовиќ со многу драго се сеќава на овој прекрасен гест:
– Таа ми го честиташе роденденот и до половина од концертот не видов дека организирала лента низ целата арена и кога го вклучија светлото реков „боже мој“ – рече Жељко Јоксимовиќ.
фото: printscreen/instagram/zzeljko