Радио Милева пред и потоа

Македонската „Ѕвезда на Гранд“ повторно легна „под нож“: Овој пат не на ногата, туку скалпелот заврши на носот на Марија Груевска! (ВИДЕО)

Македонската „Ѕвезда на Гранд“ повторно легна „под нож“: Овој пат не на ногата, туку скалпелот заврши на носот на Марија Груевска! (ВИДЕО)

Македонија и регионот битолчанката Марија Груевска ја запаметија како една од најекстравагантните учеснички во „Ѕвездите на Гранд“. Шокантен аутфит, екстравагантни костими, бизарни сценски настапи…

Откако поучеството во најпознатото регионално натпреварување се омажи заедно со сопругот заминаа да живеат во Германија. на музички план потоа многу не слушнавме од неа, ама затоа, барем според споделеното на нејзиниот Инстаграм,  минатата година Марија „не излезе од болница“.

Најпрвин операцијата на ногата  поради нефункционална вена која морала итно да биде отстранета, пејачката била оперирана во Германија, каде што интервенцијата била успешно изведена.

И таман мислевме дека е толку од боллекари и болници, зашто здрвајето е пред се, Марија Груевска 2025-та повторно ја заврши во болница! Само што  сега и поводот и причината, а Бога ми и локацијата на која бил изведен хируршкиот зафат биле сосема различни. Зашто овој пат не на ногата, туку скалпелот заврши на носот на Марија Груевска!

Имено, дали заради нефункционалност на дишнот орган или чисто од естетски побуди, македонската „Ѕвезда на Гранд“ повторно легна „под нож“. А, Марија како Марија, ексцентрична во многу нешта па и кога е најтешко, целиот процес го снимала и дел по дел, парче по парче го споделила во две куси видеа на својот Инстаграм.

Од првиот ден кога отишла во болница, па била малку нервозна, ама подготвена да се предаде во рацете на хирурзите.  По зафатот се’ уште поспана од анестезијата, а веќе првиот ден отклако била сосема будна се’ уште не чувствувла болка, туку заради тампоните и завоите и фластерите, само имала неприродно дишење.

Од јадење – само течна храна, супи и пудинзи. Добрата книга секогаш помага за што побргу да заборавите на непријатната состојба.

Модринките и отоците  сосема нормална појава како нуспојава на зафатот.

Откако бргу ја напуштила болницата, во домашна посета и дошла и нејзината роднина.

По неколку дена дошло време за вадење на тампоните. Преплашена, ама сепак храбра, пејачката се прекрстила а докторот за пет секунди ја решил.

По малку повеќе од една седмица и првата прошетка, на која луѓето зачудено ја гледале, веројатно прашувајќи се што ли и се случило?!

По 12 дена посета на поголема клиника во Баварија каде и буило отстранета „лонгетата“ од носот и тоа без болка.

Потоа Марија за прв пат ќе си го види својот нов облик на носот. Се’ уште и бил отечен, но имал природен облик, токму онаков каков што посакувала. На 15-от ден се уште мал оток, модринки и ситни точки од лепилото на лонгетата, а по 18 дена доаѓа речиси финалниот изглед.

За по 20 дена, да нема веќе модринки и болка, иако дишењето се’ уште не е совршено, сепак е многу подобро. Комплетно природен изглед без шминка.

По 23 ден Марија призна дека го сака својот нов изглед, иако носот се’ уште и е помалку отечен, но вистинскиот облик доаѓа наскоро.

За потсетување, вака Марија Груевска изгледаше пред операцијата на носот, а вака потоа.

Претходно малку подолг, подзгрбавен и шилест, а сега малку покус и прчест. Споредете па кажете, дали сега повеќе ви се допаѓа како изгледа во ликот Марија, по нејзината трансформација?!

Фото и видео: Инстаграм/ri_ja_g

To top