Во месец март се случи 34-то издание на манифестацијата „Глумците пеат“ каде меѓу многуте актери кои се претставија и како пејачи на сцена, беше и бремената атерка Емилија Мицевска.
Тогаш таа тогаш беше во шестиот месец во бременоста, а конкретниот стајлинг со голо стомаче кој го имаше на себе, предизвика доста негодувања од оние кои не се согласија или не гледаа позитивно што беше на сцена таква во таа состојба.
View this post on Instagram
Потребата да се комементира негативно, па дури и бремена жена која носи живот во себе, а се изразува во уметничка форма, во случајов беше излишно, а русокосата Емилија тогаш им возврати со коментарот:
„Не знаев дека толку луѓе ќе ги вознемири бремена жена што пее. Јас сум тука за да создавам не да се вклопувам. Повеќе љубов за вас луѓенца“ – им порача таа.

Сега на моменти пред големиот чин и тоа кога најсполе ќе го земе бебенцето во своите раце, Емилија направи фотосесија каде позира по гаќички и краток топ, а во друштво на сопругот додека разменуваат бакнеж и тој го држи стомачето на идната мама.


Ослободена од сите и се’ Емилија симболично позираше и во бел фустан со круна на главата пред остварувањето на онаа добропознатата „жена, мајка, кралица“.

Инаку, актерката не криеше и дека претходно водеше бррба за потомство и тоа дека патот до мајчинството не бил едноставен, а откри и дека има доживеано неколку спонтани абортуси.
Сега среќната мама и свршеникот Деан очекуваат синче кое ќе се вика Давид.
Со лесно!
фото:b @poison_grl/emilly_franceska and dean_stojkovski_films





