Српската пејачка Маја Николиќ е секогаш подготвена да привлече внимание со своите постапки и изјави, а сега објави фотографии на кои ја гледаме во гаќи и црна маичка со гол стомак како позира во снегот.

Имено, на Маја не ѝ беше гајле што надвор е студено и врне снег, па се соблече и излезе надвор да се фотографира.

Маја носеше шапка со крзно на главата и чизми, а на првата фотографија се искачи на трупец од дрво, а подоцна се фотографираше и со куче.

Таа напиша во описот на сликите дека го завршила предизвикот, кој, вели таа, е само за храбрите.

– Фотографирање во снег во костим за капење. Слушате песна што ја обожаваат мажите и жените! Снежен предизвик за храбрите. На Грмеч е дебел минус – стои во објавата.
View this post on Instagram
Foto: printscreeen/Instagram/majanikolic_official






