Иако тазе мажена, струмичката сопственичка на сопствениот моден бренд насловен по презимето на семејната лоза „Митроф“, не зна да застане. Грчкиот стров на забавата, желбите и воздишките, како што го нарекуваат Миконос е нејзината моментална дестинација, каде Љупка Митрова не само што ужива, туку во секој момент е подготвена за нова акција.

Малку пазар, малку шопинг, малку сончање за бронзен тен, а најмногу возбудливи фотографии на жешкиот островски ден. Што и се посака, тоа си прави, зашто се’ што и се ќефне може да си го дозволи…
View this post on Instagram
Сега кога е повторно во брак и среќно вљубена, може да си дозволи секаква возбуда кога и да посака, зашто новата љубов е тука, со неа!

Но, затоа Митрова не пропушта со секоја следна објава на социјалните мрежи и тоа како да ја возбуди машката популација…
Овој пат расната струмичанка само уште еднаш потврди дека има „златни гради“. И тоа во секој поглед.

Облечена на себе во екстравагантен и уникатен костим за капење, златни бикини со градник од златни ѕвезди кои едвај ги прекриваат бујните облини на Митрова, расната струмичанка уште еднаш покажа со каков телесен квалитет изобилува. До душа не е баш се’ дар на мајката природа, зашто под ѕвездите има нешто што е надоградено и од естетската хирургија, ама кого тоа го интересира.

Додека излегува од малиот базен, она што не може да остане незабележано е „силиконот под ѕвездите“ за нова возбуда на мрежите… Оние, социјалните! Едни погледот не го двојат од „ѕвездениот раскош“, додека други повеќе се фокусирани на тетоважите многу подолу, отколку на градниот кош!

Идеалните пропорции на топ моделите велат се: 90-60-90, па ако она што профилно гледано ви изгледа еквивалентно со она што го пишува на ѕидот, воопшто не е точно… Зашто она, 1,20 се однесува на базенот и неговата максимална длабочина, а не на обемот на градниот кош на Љупка Митрова.

Металните ѕвезди на горниот дел од бикините на Љупка не можат да се наводенат, ама затоа атрактивната убавица штом излета од базенот онака влажна и неодолива, ќе ви испрати сочен бакнеж и заводлива насмевка, по која „влажните машки погледи“ долго ќе ја сонуваат со очи ширум отворени!
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova







