Радио Милева строго чување на приватноста

Лозано за „Бекстејџ“, горд на синот, ја премолче мајката – „Кога се роди син ми Марко станав подобар човек“ (ВИДЕО)

Лозано за „Бекстејџ“, горд на синот, ја премолче мајката – „Кога се роди син ми Марко станав подобар човек“ (ВИДЕО)

Не за џабе рекле, „никогаш не вели никогаш“, зашто она што ти го носи животот, дава и нови видици, предизвици, искуства… Еден таков животен циклус на промени е добивањето дете и почетокот на тоа да наследниците бидат центарот на нашиот универзум.

Комплетно заштитнички настроени, ама и преплавени од неопислива љубов каква ниедна друга претходно. Љубов која најчесто сакаш да се гледа, да биде видена… е тогаш можби се случуваат и отстапките од она што си го правел или кажал некогаш.

Влатко Лозаноски стана татко минатиот октомври, а се’ до скоро тој ја креше од јавноста убавата вест. Арно ама кога синчето Марко е во паршање, Лозано почна да попушта, за наследникот да, но не’ и за мајката, односно партнерката која му го роди, а во медиумите се пишуваше дека тоа е неговата поранешна свршеница Савка Грачанин.

Сега, во најновото интервју за „Бекстејџ“ освен новините поврзани за концертот кој го најави на 7-ми март, Лозано делумно проговори за семејниот живот и родителските чувства, но повторно со заобиколувања за партнерката. Иако изминатиот период по повод роденденот и крштевката на Марко, на профилите на гордите родители осамнаа фотографии при црковниот чин како кај Лозано, така и кај мајката, само со една отстапка, Савка ја нема во фото- галеријата на пејачот и обратно?!

-Го почитувам тоа што медиумите оставија да се испочитува приватноста. Генерално некако работите не ги ставам во едно. Кај мене работите се такви што фамилијата и моментите си ги чувам за себе, таму има посебна енргија, таму сум свој на своето. Едноставно некако, кога се роди Марко можеби е подруг Влатко, јас сум цело време со него и генерално можам да кажам дека некако ми е поубав животот, го кажа она веќе добро познатото, логично и природно татковско чувство.

Фокусот од разговорот за „Бекстејџ“ сепак остана на претстојниот концерт, новите песни, соработките и се’ она што публиката ќе има можност и прилика да го гледа за три месеци отсега.

фото:You tube printscreen/Backstage Media/ instagram printscreen/vlatkolozanoski/ Facebook/ Сава Грачанин

To top