Радио Милева заедно со солидарност и љубов

Лоба со емпатија и поддршка по големата трагедија: „Болката не стивнува, срцата ни се исполнети со тага“ (фото)

Лоба со емпатија и поддршка по големата трагедија: „Болката не стивнува, срцата ни се исполнети со тага“ (фото)

Деновите на жалот во Македонија за трагедијата што не задеси во Кочани изминаа, но тагата и жалот нема да минат никогаш… Не барем така бргу. Зашто премногу се свежи  раните кои  не зацелуваат довека и везден ја копаат душата како бездна која постојано се зголемува и станува се’ подлабока и подлабока.  Како што е длабока болката за која нема ниту лек, ниту зборови на утеха…

Токму за ова пишува и пејачката Викторија Лоба во нејзината најнова објава на Инстаграм. Таа уште еднаш упати сочувство до семејствата на починатите, а наедно упати и јавен апел до сите како заедница да најдеме сили за понатаму, но тоа да го направиме преку поддршка, грижа и сочувство.

-Изминаа 11 дена, но болката што ја донесе оваа страшна трагедија не стивнува. Тешко е да се најдат вистинските зборови за утеха, кога срцата ни се исполнети со тага. Длабоко сочувство до семејствата и пријателите на сите засегнати. Нека им е светол патот на прерано заминатите души. Наташа мисла и молитва е со нив, а нашата поддршка со оние што се борат за опоравување. Искрено се надевам дека како заедница ќе најдеме сили да продолжиме понатаму – не со заборав, туку со заедничка поддршка, грижа и сочувство. Секој од нас може да даде дел од себе за да го направиме нашето општество подобро, похумано и побезбедно место за сите. Само со солидарност и љубов можеме да го најдеме патот кон заздравување , подобра сегашност и иднина.

Тагата веќе е длабоко всадена во сите нас, трагедијата толку силно не погоди што веќе ништо не е исто, туку стои како рана која тешко зацелува, со јасен знак дека остава голема лузна која ќе стои засекогаш.

фото:Instagram printscreen/victorialoba

To top