Радио Милева „Боже дај им сила!“

Лила му прати порака на Панчо: „Мора да бидеш добро…“ (фото)

Лила му прати порака на Панчо: „Мора да бидеш добро…“ (фото)

Според последните информации кои беа пласирани во јавност во врска со здравствената состојба на Владимир Блажев или Панчо ДНК, неговата состојба за среќа е стабилизирана откако по првите денови по несреќата тој беше критично.

Панчо е хоспитализиран во приватната клиника „Систина“, има изгореници на лицето и раката, а исто и проблем со трахеата која е оштетена поради тоа што на страшната ноќ во Кочани вдишал многу топол дим.

Добра мисла со надеж за побрзо закрепнување му посакуваат многумина, а  меѓу нив и ТВ водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска која во својата архива пронајде една заедничка фотографија преку која му прати позитивна вибрација.

-Ќе бидеш добро, мора да бидеш добро… Се молиме што побргу да ни се вратиш – стои во описот на „стори“ објавата кај Лила.

Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и на сите кои преживеаја, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот!

фото:instagram printscreen/djshortypofficial/ lilafilipovska

To top