Нашата позната ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска деновиве пред очите на јавноста сервира неочекувани моменти од нејзиното секојдневие, тековното, а и она дамнешно што го чува во спомените…
Неодамна заедно со блиските членови на семејството го славеа 80-от роденден на нејзината мајка, а за убавиот ден и моментот од нивниот семеен собир со јубилеен роденденски повод, Лила сакаше да покаже го на сите.
А бидејќи и тргна со она што е поврзано со семејството, веќе следниот ден таа од нафталин извади фотографии веројатно од еден од нејстарите семејни фото – албуми кои останале да сведочат за деновите од минатото.
Нејзините мама и тато од млади денови беше фотографијата која првпат ја гледаме, а следеше и друга каде Лила е бебенце во рацете на мама.
Среќни сме кога до нас ги имаме родителите, а Лила е меѓу оние кои и денес ја имаат мајка, но за жал не и татка си кој почина во 2014 година.
фото:instagram printscreen/lilafilipovska