Лила Филиповска пред неколку години излезе како победник во борбата со опаката болест, а за тоа отворено зборуваше пред јавноста.
Лошо време на кое веројатно не сака да се сеќава, но Лила како силен борец денес јасно ги знае своите приоритети, особено меѓу луѓето.
Вистинското друштво, љубовта и позитивната енергија се храна на животот, а кога си поминал многу од она лошото, тогаш погледите за следното утре се многу, многу појасни, поинакви.
Затоа, Лила сакаше да се наврати на базата, осоновата, само за потсетување, па порача едно кратко и јасно потсетување кое гласи:
View this post on Instagram
-Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата.
Денес чист „Pet scan“ пријатели мои и животот е поубав. Само сакав да споделам и потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме… Бидете ми здрави и живи!- јасна беше Лила, а по ова може да стои само точка.
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska