Радио Милева во исчекување...

Леонардо ди Каприо ќе го глуми ликот на еден на најголемите музички легенди (фото)

Леонардо ди Каприо ќе го глуми ликот на еден на најголемите музички легенди (фото)

Леонардо ди Каприо ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Variety“. Улогата на Ава Гарднер и припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот „Don’t Look Up“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frank Sinatra (@sinatra)

Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколку пати. Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите како „Gangs of New York, The Aviator, The Departed, Shutter Island и The Wolf of Wall Street“. Нивниот последен филм, „Killers of the Flower Moon“, беше номиниран за 10 Оскари.

Веста за биографскиот филм за Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите, коментирајќи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.

фото:Instagram printscreeen/ sinatra/ leonardodicaprio

To top