Продукциската куќа „Гранд“ се соочува со сериозни кадровски претумбации откако стана јасно дека неколку клучни имиња решија да си заминат.
По заминувањето на фолк-легендата Ана Бекута и водителката Сања Кужет, јавноста дозна за уште еден голем прекин на соработката. Популарниот фолк-пејач Ненад Манојловиќ донесе одлука да ја напушти куќата по цели десет години верност.
Тој ја менува насоката во кариерата и преминува во дигиталната мрежа EMDC Network, која во иднина ќе биде задолжена за неговиот Јутјуб канал и пласирањето на неговата музика на глобалните стриминг платформи.

Оваа одлука доаѓа во клучен момент кога Манојловиќ интензивно се подготвува за издавање на својот прв студиски албум во кариерата. На новиот материјал тој повторно соработува со авторот Петар Стокановиќ, со кого го создаде неговиот голем хит „Ти мени, ја теби“.
Инаку, заминувањето на Манојловиќ е само дел од бранот промени во „Гранд“. Ана Бекута го напушти жири-столот на „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години менторство, со цел да се фокусира на сопствени концерти и нов албум, а нејзиното место го зазема Сања Вучиќ.
Сања Кужет, долгогодишната водителка на шоуто, исто така спогодбено го заврши договорот со продукцијата по нејзиното породилно отсуство. И покрај овие големи заминувања, музичкото натпреварување продолжува во нова и освежена форма.
фото: Instagram printscreen/nenad.manojlovic.official/ You tube printscreen/Zvezde Granda




