Слободан Боба Живојиновиќ денес, 23 јули, го прославува својот 63-ти роденден. Освен по големите спортски успеси, поранешниот тенисер во текот на кариерата го привлекуваше вниманието и со својот бурен приватен живот.
Не е тајна дека Боба своевремено важеше за еден од најпосакуваните мажи во поранешна Југославија. За неговиот шарм многу се зборуваше, а со години се раскажуваше и дека меѓу дамите што не останале рамнодушни на него била британската принцеза Дијана.
Иако веќе 35 години е во хармоничен брак со пејачката Лепа Брена, многумина заборавија дека пред неа срцето му го освоила една друга русокоса убавица.
Станува збор за неговата прва сопруга Зорица Десница, со која го доби синот Филип Живојиновиќ. Иако нивната љубовна приказна подоцна завршила, Боба никогаш јавно не кажал лош збор за поранешната сопруга.

Напротив, некогашната двојка и денес негува одличен однос исполнет со почитување, а Живојиновиќ во една пригода откри и како една случка со Зорица го натерала посериозно да се посвети на тенисот.
„Со Зорица, мајката на Филип, отидовме во кино. Таа од татко ѝ доби фиќо, но автомобилот не сакаше да запали. Го туркав сè до ‘Шуматовац’, а потоа ѝ реков да застане. Влегов во автомобилот, ги искорнав сите кабли и си реков дека ова повеќе нема да биде мојот живот. Тогаш решив силно да тргнам напред. Тоа беше во 1984 година и оттогаш почнаа моите успеси во кариерата“, раскажал Боба за својата поранешна сопруга.
Тој се присетил и на моментот кога дознал дека првпат ќе стане татко.
„Имав 21 година кога се роди Филип. Зорица дозна дека е бремена во периодот кога почина татко ми. Моето семејство беше пресреќно. Постојано повторуваа: ‘Малиот Боба, малиот Боба’, и така се случи сè“, изјавил Живојиновиќ во една емисија.

По разделбата со Боба, Зорица ја пронашла среќата со поранешниот кошаркар Иво Накиќ, кој потекнува од Риека. Подоцна се преселила во Соединетите Американски Држави, каде што му се посветила на Филип, како и на децата што ги добила во вториот брак.

И покрај тоа што животот ги однел по различни патишта, Зорица и Боба останале во добри односи, а нивните семејства со години покажуваат дека почитувањето може да продолжи и по завршувањето на една љубовна приказна.






