Радио Милева уште тогаш било јасно

Кога сонот станува јаве: Вака пееше европската музичка победничка Тина Русева на свои 11 години (ВИДЕО)

Кога сонот станува јаве: Вака пееше европската музичка победничка Тина Русева на свои 11 години (ВИДЕО)

Талентирана струмичанка, Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Vice of Europe“ 2025.

Тина Русева одлично се претстави пред жирито и публиката. Тина успеа да се квалификува за финалето на овој музички натпревар каде го освои првото место.

Таа триумфираше на натпреварот благодарение на публиката и гласовите од жирито.

Возбудена  неколкупати се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на сите кои гласаа за неа.

„Не знам што да кажам, тотално сум збунета. Но еве ќе ви кажам, едно искрено, најискрено благодарам за сите вас што гласавте, го шерувавте видеото да стигне до што повеќе луѓе… Навистина не знам каде се наоѓам моментално, ама голема благодарност до сите вас“, вели Тина по соопштувањето на резултатите и победникот на Инстаграм профилот на овој натпревар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Voice Europe (@thevoice_ofeurope)

Потсетуваме, 21-годишната струмичанка веќе десетина години со своето семејство живее во Германија.

Таа претходно се натпреваруваше во „The Voice of Germany“ каде што сите ја споредуваа со Витни Хјустон и Селин Дион, а според многумина Тина на настапите звучеше подобро и од оригиналните изведби на песните со коишто таа се претстави во ова популарно шоу.

Дека со талентот се раѓаш, доказ е токму оваа млада музичка ѕвезда која уште од мали нозе она што најмногу го сака, е да пее.

Како звучеше на свои 11 години, и дека уште од тогаш е јасно дека ова девојченце ќе дотурка далеку, погледнете од видеото каде ја пее „Не заборавај“ од Калиопи:

фото:Instagram printscreen/tina.ruseva

To top