Откако атрактивната Нора Милосављевиќ објави заедничка фотографија со Душко Тошиќ и со тоа ја потврди романсата за која се пишуваше со денови, коментарите за оваа љубов не престануваат да доаѓаат.
Поранешниот фудбалски репрезентативец ја потврди веста со зборовите: „Вистина е. Во среќна врска сум и сум задоволен“.

Недолго потоа, неговата поранешна сопруга, пејачката Јелена Карлеуша ги замоли медиумите да не го ставаат нејзиното име покрај името на нејзиниот поранешен партнер и неговата сегашна партнерка.
– „Новата девојка на поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша“ содржи само мое име, мојата слика е централна итн. Разбирам дека во спротивно никој не би го прочитал текстот, но: Не сакам да имам никаква врска со маж кого неколку пати го пријавив во полиција за семејно насилство, за физички напад врз мене и мојот партнер, за кршење брави и нелегално влегување во приватен имот, за нередовни исплати на алиментација итн. Исто така, не сакам моето име и мојата слика да бидат поставени покрај сликите на жени кои се во полициска евиденција за проституција. Изборите и испадите на поранешниот сопруг се само негова работа и тоа не ме интересира, не сакам да ме поврзувате. Човек кој можел да пишува пораки до србомразицата Северина не заслужува ваш простор. Ви благодарам – напиша Карлеуша.
Ќерките Ника и Атина Тошиќ не се мешаат во изборот на мама и тато, но со една реакција, Ника успеа да ја заинтригира јавноста.

Имено, Ника ја лајкна фотографијата од нејзиниот татко каде што е во Турција каде што ужива со својата девојка Нора, а јавноста веднаш ја протолкува како знак дека тинејџерката го поддржува својот татко во љубовниот избор.
фото:Instagram printscreen/duskotosic






