Македонската јавност се простува од еден од најголемите домашни музички уметници, откако вчеравечер(28.Јуни) осамна тажната вест за неговата смрт.
Владо Јаневски почина по кратко боледување на една од скопските клиники, а веста предизвика огромна тага кај неговите колеги, пријатели и бројните обожаватели. Информацијата ја објавија повеќе македонски медиуми.
Инстантно почнаа да се редат и емотивните проштални зборови на колегите од естрадата, стихови од песни и негови фрази, спотови и соработки кои се редеа до недоглед:
Пере од „Нокаут“ преку заедничка фотогрфија каде е заедно со Владо и Каролина напиша:

„Си замина Владо Јаневски.
Колега,музичар,човек со глас што не се правеше важен,само влегуваше во песна и таму остануваше.
Со Владо работевме и студиски.
Се среќававме низ музика и професионални разговори,мирни,точни,без потреба од големи зборови.
Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага.Владо тоа го знаеше.
Нека почива во мир.
Од денес,неговите песни ќе се слушаат поинаку.“
Последен поздрав упати и Калиопи:

„Ох…Охх,ох, оххх…..
Си замина тивко, без поздрав….
Токму кога најдобрите се најпотребни, ти заминуваш….
Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш…
Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме….
НЕКОГАШ И НЕГДЕ…..
Во редот колеги кои се потрудија да соберат вистински зборови беше и Дарио Панковски.

„Јаневски мајсторе,
толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам. Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги.
Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к’о бајаги официјално, а у ствари со многу скриена близина и топлина.
Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако…нестварно.
Нека Ти е вечна слава мој Јаневски, многу ми е жал, многу…“
И Тијана Дапчевиќ го испрати последниот поздрав за Владо:
„Другарче мое…мирно патувај кон вечноста..многу ќе и недостасуваш на твоја “Тијанисимо” ..ме искрши“
Се огласи и Каролина Гочева:

„Владе мој,
Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам… “
Игор Џамбазов во своето зборување напиша:

„Збогум Владо…
Понекогаш зборовите не се доволни.
А понекогаш се излишни.
Слава ти!
И ти благодарам за се’ што направи…
Социјалните мрежи се преплавени од фотографии, песни, стихови од Владо, а речиси и да нема јавна личност од земјава кога не сподели и напиша нешто за загубата на познатиот македонски музичар.
Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје, Јаневски дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Во текот на кариерата беше член на групите „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а покрај пеењето свиреше клавир, гитара и тапани. Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Евровизија 1998, каде во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.
Вечна слава!
фото:Instagram printscreen/Chat Gpt





