Ќерката на Драган Стојковиќ Босанaц, пејачката Александра Стојковиќ Џиџа, го загуби своето бебе на почетокот на декември.
По тажната вест, таа целосно се повлече од јавноста, се шпекулираше дека го напуштила и Белград, заменувајќи го градот со планина, а сега за првпат проговори.

Во пресрет на српската Нова година, Џиџа се огласи на полноќ, кога го сними огнометот од прозорецот.
– Многу здравје, среќа и љубов – напиша Александра Стојковиќ Џиџа со насмеани емотикони со срциња.
Да потсетиме дека Босанац претходно зборуваше за Џиџа и како се чувствува во блажена состојба.

Џиџа во тоа време беше во рана фаза од бременоста, и како што рече татко и, таа имаше одредени проблеми за кои тој не сакаше да зборува.
– Џиџа е добро. Не се справува баш најдобро со бременоста, но ќе биде добро – рече тогаш Босанац.
фото:Instagram printscreen/dzidza_official







