Денеска е многу тажен ден за пејачката Милица Тодоровиќ, но и за членовите на нејзиното семејство.
Пејачката Милица Тодоровиќ, која последниве недели беше во центарот на вниманието поради апсењето на нејзиниот поранешен вереник, сподели емотивна објава на социјалните мрежи.
Имено, на денешен ден пред 11 години почина нејзината баба со која беше исклучително блиска.
Милица проговори и допре до срцата на многумина со нејзините емотивни зборови на социјалните мрежи.
– Моја душа мила. Ми недостигш да седам до тебе и да те држам за рака секој ден. Да разговараме, секогаш да ме насмееш со твоите совети за момците. Да играме „Не лути се човече“, да се потсетиме на споделените настани од моето детство. 11 години ангелу мој“, напиша Милица.
Да потсетиме, поранешниот вереник на Милица Тодоровиќ, Марио Б, беше уапсен на 13-ти февруари во нејзиниот стан во кој живеел, по потерница од Интерпол за кривично дело измама. Милица првично не коментираше на оваа тема, но два дена подоцна објави видео на социјалните мрежи и рече дека е сингл и повеќе не е во емотивна врска.
фото: printcsreen/instagram