Радио Милева скршено срце

Каролина Гочева сподели емотивна објава на Инстаграм: „Лани на денешен ден“ 

Каролина Гочева сподели емотивна објава на Инстаграм: „Лани на денешен ден“ 

Социјалните мрежи имаат опција по одредено време да не потсетат на спомените кои со радост сме ги објавувале, за да ни биде убаво како некогаш.

Сепак, овој пат македонската пејачка  Каролина Гочева отвори спомен кој се случил минатата година на денешен но, за жал  ова сеќавање кај сите побуди  солзи и тага голема празнина,  миг кој никогаш нема да се повтори.

Имено, пејачката објави кратко видео со најдлабока тага и тежина во срцето, и го сподели овој болен спомен пред следбениците, за нејзината пријателка и колешка, придружениот вокалист, Сара Пројковска која трагично нѐ напушти додека настапуваше со ДНК, и беше меѓу жртвите во кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

За Каролина нејзиниот глас, мек и мил , сѐ уште одекнува во нејзината душа, исто како и во срцата на сите кои ја познаваа нејзината љубов кон музиката.

Лани на денешен ден, живеевме моменти на радост и музика, но сега остануваат само слики и сеќавања кои го крадат здивот.

Македонската пејачка напиша дека и „фали ова мило гласче“ . Сара со својата толнина на гласот ги исполнуваше сите, а сега преку сеќавањата нејзината музика никогаш нема да замолкне, а нејзиниот дух ќе продолжи да инспирира.

 

Сара беше посветена мајка на Јана и Марко, неуморно борејќи се до последниот миг за нивната подобра иднина.

Музиката беше нејзиниот живот. Нејзината најголема пасија беше пеењето, а како вокал соработуваше со многу од најпознатите имиња на македонската музичка сцена.

Фото: Print Screen/Instagram

To top