Каролина Гочева неодамна беше во Белград како гостинка во „Цеца шоу“ на Блиц ТВ каде меѓудругото искрено зборуваше за траиматичните искуства кои низ гостините ги имала со некои од фановите.
За таквите немили сеќавања, за кои и денес добро помни, особено затоа што ја преминале границата на нормално обожување.
-Имало повеќе непријатни ситуации – демнење, пораки, доаѓање пред зграда во два или три часот по полноќ. Се случувало да ми ѕвонат среде ноќ, да ми оставаат нешто на автомобилот. Тоа веќе не се безазлени работи“, изјави пејачката, потенцирајќи дека станува збор за моменти кои предизвикуваат страв и несигурност.

На нејзиното сведоштво, Ражњатовиќ реагираше дека ваквите ситуации не се само непријатни, туку и ризични, бидејќи никогаш не може да се знае со каков профил на личност се има работа.
Пејачката призна дека популарноста носи и опасности за кои публиката честопати не е свесна, опишувајќи ги морничавите сцени што ги доживеала пред својот дом.

За да го одржи мирот и да избегне непријатни средби, Каролина откри и дека често шета низ град облечена на таков начин што се крие од љубопитните погледи.
– Секогаш шетам маскирана. Носам шапка, очила и тоа „никогаш не сум јас“ – рече таа низ смеа, објаснувајќи како реагира кога минувачите ја препознаваат:
– Ме прашуваат дали сум јас, ми велат дека личам на Каролина, а јас само велам: „Знам дека личам на тоа, но не сум јас“ – завршува таа.
фото:You tube printscreen/Blic TV




