Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој со години беше еден од најпопуларните и најследените на Балканот, неодамна ненадејно беше отстранет.
Голем број луѓе кои ја поддржуваат Јелена и ја следат нејзината работа беа разочарани, но нејзината активност на социјалните мрежи не престанала.
Поп дивата редовно објавува на социјалната мрежа Фејсбук, а сега за првпат го коментираше исклучувањето на нејзиниот Инстаграм профил.
– Затворање нечиј профил, обединување против жена, замолчување, линч, омраза, навреда… Тоа покажува дека таа е многу важна и силна штом се обединат. Како хиени кои напаѓаат сам лав во глутница. Па го гризат, малку на ногата, малку на опашот, а тој не мрда за да помислат хиените колку се силни и опасни, за да се опуштат и да се доближуваат сè поблиску. Премногу блиску, смеејќи му се во лице… Но, кога лавот ја зграпчува првата хиена и со едно движење и ја откинува главата, другите хиени бегаат, оставајќи го својот паднат другар зад себе. Кој од вас ќе оди прв? – напиша Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил.
фото:Instagram printscreen/blogofdiva and mega.zvezda.jk/1Prva TV