Миа Костова, познатата македонска инфлуенсерка, вчера замина на долгоочекуваното патување на Кипар заедно со нејзиниот син Андрија и пријателката Тијана Скулиќ.

Оваа дестинација долго време беше на нејзината мапа, а сега конечно ја реализираше оваа желба.

На социјална мрежа Инстаграм, Миа сподели неколку први фотографии од убавините што ги гледа пред неа, како и видеа, а нејзините следбеници со голем интерес ги прелистуваа најновите објави во кои таа им раскажува за работи кои досега не ги знаеле.

Таа откри дека се наоѓаат на една од најпознатите плажи на Кипар, каде што уште од рано наутро, околу 9 часот, забелеќала дека е „калакурница“ но барем уживала целосно во сончевото време. Миа нагласи дека водата е многу топла иако оваа плажа не е типот што најчесто го избира, сепак го оцени морето како едно од најубавите што досега ги видела.

На една од фотографиите, таа позира во костим за капење заедно со Тијана, и двете со широка насмевка покажуваат колку уживаат во пријатната клима и убавините на Кипар.

Ова патување дојде во вистински момент, токму кога времето во Македонија е ладно, па Миа искористи да го облече костимот за капење и да ужива на топло на овој медитерански остров.
Foto: printscreen/instagram/miandrija







