Популарната фолк пејачка Анета Љумаковска има еден приоритет во својот живот, улогата на мајка. Таа ја има својата ќерка единица Мони која живее и студира во Германија.
Наследничката на Анета нема проблем да се експонира јавно, а според се’ почестите објави на социјалните мрежи, ниту мама нема проблем со истото.
Кога Мони е на домашен терен најмогу време поминува со својата позната мајка, па покрај неа и таа добива на внимание од јавноста и медиумите.
Мони веќе израсна во возрасна девојка која живее живот под свои правила, а Анета е тука само да се радува, да и биде поддршка и со сугестија кога потребна.
На највовата заедничка фотографија, мајката и ќерката изгледаат како да се сестри, облечени во слична тренди тексас варијанта, а Анета уште еднаш покажа дека откако се разведе се повеќе се менува и сака да биде во тренд со сите модни новитети, а тука е и Мони да помогне за да бидат во ист моден ритам со мама.
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701