Популарната актерка Јелисавета Орашанин одлучи да ги помине жешките летни денови на јадранскиот брег, а како база го избра Ровињ. Јелисавета ги „почасти“ своите следбеници на Инстаграм со низа фотографии од нејзиниот одмор, пренесувајќи дел од приморската атмосфера и луксуз во кој ужива во целост.

Меѓу кадрите што ги запалија социјалните мрежи и привлекоа огромно внимание, се издвои особено провокативна фотосесија, на која актерката го потврди својот статус на една од најжешките дами на сцената.
Имено, Јелисавета позираше во раскопчана бела кошула, а од под неа ѕиркаше минијатурно сино бикини.

Оваа смела комбинација совршено ја истакна нејзината извајана силуета, но и ги изнесе во преден план нејзините силиконски гради, што веднаш предизвика лавина од реакции и комплименти за нејзиниот изглед.

Многумина се прашуваат дали токму новата љубов е заслужна за тоа што актерката никогаш не изгледала подобро и дека едноставно „блеска“ во секоја објава. Познато е дека Јелисавета моментално ужива во врска со својот помлад колега Павле Менсур, и иако сè уште не е познато дали тој е оној што ѝ прави друштво на хрватското крајбрежје, нејзиното лично задоволство и среќа се повеќе од очигледни.
foto: printscreen/instagram/jagodenamagli




