Радио Милева николета и е драга

Јелена Карлеуша има две бивши свекрви: Со едната се’ уште се гледа, а со другата не сака да зборува (фото)

Јелена Карлеуша има две бивши свекрви: Со едната се’ уште се гледа, а со другата не сака да зборува (фото)

Животот на Јелена Карлеуша отсекогаш бил интересен за јавноста. Затоа, кога се дозна дека се разведува од Душко Тошиќ, едно од најчестите прашања не беше само каков однос има со сопругот, туку и со неговото семејство.
Поранешната свекрва на Јелена Карлеуша е непозната за јавноста.

Меѓутоа, ако се има предвид дека Јелена веќе еднаш беше во брак, иако само три месеци, јасно е дека има две поранешни свекрви.

Со Николета Тошиќ, бабата на нејзините ќерки Атина и Ника, Јелена се уште одржува топли семејни односи.
Мајката на Душко е незаменлив гостин на семејните собири, особено на родендените на девојчињата.

Пејачката никогаш јавно не проговорила ниту збор за својата прва свекрва. Се зборуваше дека Славица и Сретен Кариќ не изгледале љубезно на свадбата на нивниот син Бојан и Јелена Карлеуша, а не го криеле задоволството кога се развеле по само три месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Славица Кариќ, која во 2017 година стана вдовица, денес живее мирно и тивко. Таа е посветена на своите деца и внуци, а во слободното време ужива да се грижи за градина и да подготвува домашни специјалитети во кои може да ужива целото семејство.

По разводот се шпекулираше за сумата која Јелена ја добила од поранешниот сопруг. На патот на гласините се најде Бојан Кариќ, кој во меѓувреме се ожени со Маша Николиќ.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top