Пејачката Катарина Остојиќ, попозната како Каја, проговори за детали од својот приватен живот.
Каја прво зборуваше за својот сопруг и откри каков подарок неодамна добила од него.

„Во последно време седнувам на пијаното секој ден. Мојот сопруг неодамна ми го подари најдоброто пијано, има најубав звук на светот. Вечерва ќе го добијам моето огнено крштевање, ќе свирам нешто на сцена за прв пат пред луѓе, со пеење, се разбира. Имам трема, не знам каде сум, да бидам искрена со вас… (смеа) Сакам да бидам сама додека свирам, но, еве, се фрлив во оган. Кој преживее, ќе раскажува“, изјави Каја за „Блиц“.

Таа вели дека неодамна била во Америка со својата ќерка и откри какви совети ѝ дала.
„Бев во Америка, осум дена не ми беа доволни. Њујорк ме воодушеви. Посетивме многу музеи, видов уметнички дела што сакав да ги видам цел живот. Секој град што досега сум го видел во Америка е феноменален“, рече таа и заклучи:

„Мојот совет до мојата ќерка е никогаш да не се враќа тука, да остане во Америка. Ѝ посакувам се најдобро, мислам дека треба да остане таму. Таа пораснала надвор од Србија, нема наш менталитет, сакам да остане таму, таму. Естетиката што преовладува тука ѝ е сосема туѓа. Девојките изгледаат многу постари, тоа не ми се допаѓа. Подобро е да е таму. Сакаше да си ги наполни усните, мојот доктор ѝ го направи тоа, денес тоа сите го прават . Не е ништо сериозно.“

Foto: print screen/Instagram/kaya_ostojic




