Радио Милева мисијата продолжува

Ивона Јо по операцијата првин го покажа коригираното лице, а сега и затегнатиот стомак по отстранување на вишокот: „Ова сакав да го видам во огледало“ (фото)

Ивона Јо по операцијата првин го покажа коригираното лице, а сега и затегнатиот стомак по отстранување на вишокот: „Ова сакав да го видам во огледало“ (фото)

Пред две недели младата пејачка со кумановско потекло, Ивона Јовановиќ или попозната како Ивона Јо легна под нож во приватна болница во Турција каде реши да направи липосукција на стомак и отстранување на подбрадокот.

Најтешкото помина, а сега пред неа е период на опоравување од кој за среќа и задоволство на сите, Ивона е на вистинскиот пат за во огледало да го види она за што тргна храбро и одлучно.

Најпрвин ги симна завоите и ластикот за стегање од лицето кое е во фаза на намалување на отокот, а сега пред своите следбеници кои ги има доста, особено откако се стави себеси пред еден ваков голем предизвик, покажа дека и резултатите кај стомакот веќе се гледаат во огледало.

-Рамен стомак. Таква желба имав да се погледнам во огледало и да го здогледам тоа парче убавина. Замисливав. Визуелизирав. Сакав. Но со вишокот кожа после ослабнување и опуштање на кожата и тоа природно не беше возможно. Сега 16:20 минути 12.2. 2025 година. Гледам рамен стомак. Го опсипувам со толкава љубов. Внимавајте што посакувате. Бог има план за секој од нас. – пишува Ивона галајќи го стомакот со постоперативниот резултат.

Јасно е како ден дека се’ оди на добро, а Ивона допрва ќе биде среќна и со сатисфакција до плафон, особено затоа што после избесен период и следуваат уште хирушки корективни зафати од кои таа ќе си ја исполни својата желба.

фото: Instagram printscreen/ivonajo

To top