Радио Милева во потоплите поднебја

Ирина Шајк во црно бикини: Прекрасна, природна и неодолива

Ирина Шајк во црно бикини: Прекрасна, природна и неодолива

Една од најпознатите модели на денешницата, Ирина Шајк, која неодамна го прослави својот 40-ти роденден, ги замени студените денови во Њујорк со сонцето и плажата во Мајами, каде што отиде со својата ќерка Леа, над која го дели старателството со актерот Бредли Купер.

Ирина ја покажа својата фигура во црно бикини и јасно стави до знаење дека сè уште е едно од најголемите имиња во ангелите на „Викторијас сикрет“, а по модната ревија за познатиот бренд каде што носеше секси долна облека, имаме можност да ја видиме во овој полежерен изглед.

Заносната Русинка беше во одлично расположение; си играше во плитките води, шеташе по плажата и не ја симнуваше насмевката од лицето, носејќи црна капа и црни очила за сонце.

Нејзините долги, витки нозе, рамен стомак и природни гради беа во преден план, и повторно се уверивме дека таа е една од најубавите жени со причина – и сè уште е.

фото: printscreen/instgaram/irinashayk/Х

To top