Радио Милева двајца се „бркаа“, третиот искористи?

Имавме двајца наши пејачи во топ три финалето, а сепак во „Ѕведите на Гранд“ не победи Македонец… еве и зошто? (ФОТО)

Имавме двајца наши пејачи во топ три финалето, а сепак во „Ѕведите на Гранд“ не победи Македонец…  еве и зошто? (ФОТО)

Фактот дека сите тројца македонски кандидати Мики Секуловски, Мелиса Зијадиќ и Андријана Петрушовска влегоа во последните 6 во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, покажува дека од Македонија се гласаше повеќе од кога и да е, но и покрај тоа, на крај победата сепак ја однесе претставничката од Босна и Херцеговина, Шејла Зониќ.

Во трката за победа во која беа вкупно 20 натпреварувачи, по три круга, односно изведби во суперфиналето, најпрвин се издвоија 12, потоа шест кандидати, за на крајот за останат најдобрите тројца, Мики Шејла и Андријана.

Токму податокот дека двајца македонски претставници Секуловски и Петрушовски останаа до самиот крај и се најдоа во топ 3 се чини дека поделбата на гласовите од Македонија ги чинеше еден од двајцата наши кандидати прво место и беше пресуднен фактор победата да ја однесе босанската пејачка. Или тоа е само привид, зашто е големо прашање дали гласовите од едниот, би се прелеале кај другиот македонски кандидат? Дали додека двајцата наши кандидати “се бркаа“ третиот искористи, или и да беше само еден Македонец во финалната тројка, резултатите ќе беа исти?

Како и да е, Мики и Андријана заедно освоија околу 174.000 гласови, не е соопштено колку гласови освои Мелиса, но самите бројки покажуваат дека од сите земји од регионот од Македонија се испратени најмногу СМС пораки. „Гранд“ продукција соопшти дека подоцна ќе бидат објавени точните бројки на тоа колку пораки од која земја се испратени.

Со освоени 132.047 гласови Шејла Зониќ од БиХ и победничка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2023/2024. На второто место заврши нашиот Мики Секуловски од Велес со освоени 102.103 гласа, додека трета беше исто така нашата  Андријана Петрушовска со освоени 71.875 гласови.

Интересно е што Мики Секуловски не победи годинава иако имаше повеќе гласови од поранешните наши победници, Ристе Ристевски и ланската победничка, Славица Ангелова.


Славица Ангелова минатата година победи со 88.367 гласови, додека Ристе Ристевски во 2017 година победи со 76.226 гласови. Засега Ангелова и Ристевски остануваат единствените двајца Македонци кои успеале да победат во ова регионално музичко талент шоу.

Како и да е, возбудата и адреналиност беа на највисоко ниво се’ до самиот крај, а годинава Македонија уште еднаш може да биде горда на своите музички таленти.

Фото: Инстаграм/mikisekulovski/andrijanapetrushovska

To top