Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, реши да ги смали усните и да го отстрани хијалуронот, а своето искуство го сподели на социјалните мрежи.
Катарина одговори на прашањата на своите следбеници, откривајќи дали процедурата е болна и нагласи дека наскоро планира повторно да ги зголеми усните.
– Јас го растворив хијалурон, инјектиравме ензим кој го раствора хијалуронот за 24 часа. Имам подливи, тоа е сосема нормално. Ме пече, но сега добив анестезија и ништо не ме боли. Ќе одам за една недела повторно да си ја средам устата – рекла таа.
Катарина со својата објава привлече внимание и многу коментари, додека со искрените одговори ги разјасни сомнежите на своите следбеници за оваа постапка.
Да потсетиме, неодамна доби негативен коментар за својот изглед, а Катарина со следбениците сподели што добила во пораките.
– Боже, колку лошо изгледаш – бил коментарот на еден од нејзините следбеници.
фото: printscreen/Instagram/katarinalazic_24