Радио Милева едно од ретките вакви

Изјава на Владо Јаневски која по неговата смрт го преплави интернетот: „Станав геј, имав сида, па ја излечив…“ (видео)

Изјава на Владо Јаневски која по неговата смрт го преплави интернетот: „Станав геј, имав сида, па ја излечив…“ (видео)

Заминувањето во вечноста на истакнатиот музичар Владо Јаневски не поминува тивко, напртив сосема спротивно од она каков беше тој додека беше тука…

„Гласни“ за за кажат збор- два, стихови или да напишат „цели фермани“ за неговата смрт ги имаше доста, иако тој со медиумите и јавноста најмногу комуницираше преку неговите стихови.

Јаневски беше познат по тоа што не даваше интервјуа по секоја цена. Избегнуваше сензационализам и строго ги одбиваше прашањата поврзани со неговиот личен живот. За медиумите, тој со децении остана енигма, статус што вешто го одржуваше со тоа што не дозволуваше камерите да влезат зад неговиот приватен праг.
Сепак, имаше и ретки моменти, како она не така дамнешно интервју за естрадниот магазин„Бекстејџ“ каде зборуваше за она што најчето се вртеа трач муабети околу него, па кажа:

„Ако доволно долго траеш следува трач. Ако уште траеш и ако уште траеш ќе го повторат трачот, ќе го обноват. После пет години ако уште си битен и уште мрдаш и правиш, повторно ќе го винат стариот трач, ќе го возобноват, ќе го воскреснат како феникс.  Јас мора да сум геј, мора да имам сида, како тоа се излечив од сида, па сум ваков, па сум она. Истите само циклично се вртат. Јас решив да не негирам ништо, никогаш не сум негирал. Само сум чекал да помине муабетот, конечно и проаѓал секогаш и ау, ау, ау , секогаш проаѓа… Певтино енергетски ми чини да седам дома и да чекам да помине бурата,него јас да се метнам и да раскажувам да објаснувам. Па не е точно, па луѓе побогу не, нее. Секоја долга кариера мора да го плати тој данок, кажа Владо во едно од интервјуата за „Бекстејџ“.

За потсетување, Владо Јаневски ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел утре, среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.

фото:Instagram printscreen/backstage_macedonia/Chat Gpt/ vladojanevskiofficial

To top