Радио Милева нејзиниот ден

Иџе роденденски ја воздигна сопругата: Тон емоција од досега многу невидени заеднички моменти

Иџе роденденски ја воздигна сопругата: Тон емоција од досега многу невидени заеднички моменти

Кај трократниот шампион во автомобилизам за ридско-брзински трки, Игор Стефановски- Иџе, често знеме да ѕирнеме во приватноста и се’ она што му се случува надвор од тркачкиот живот.

Иџе несебично и  секогаш без резерва ги споделува приватните моменти со семејството, а овој пат повод за истото беше роденденот на неговата сакана сопруга Емилија.

-Среќен роденден на најголемата поддршка во мојот живот, напиша Иџе во прилог на гелеријата заеднички форографии.

Тон емоција од многуте брачни моменти… Љубов, страст и поддршка која взаемно си ја пружаат еден на друг.

Инаку, Иџе и неговата сопруга се заедно уште од среднишколските денови и имаат две деца, синот Олег и ќерката Нина. Нивниот брак трае веќе 18 години.

Тие се често со него на патувањата низ Европа, го следат на трките и го бодрат во секоја пригода.

Семејството му е најголемата поддршка, особено му е сопругата, па со неа многу полесно се справува и со приватниот живот и со кариерата.

фото:Facebook/ Igor Idze Stefanovski

To top