Радио Милева го оживеа минатото

„И тогаш се глупирав“: Теа Трајковска носталгична по 2016 година

„И тогаш се глупирав“: Теа Трајковска носталгична по 2016 година

Сè погласната носталгија по 2016 година ги преплавува социјалните мрежи, а македонската пејачка Теа Трајковска се приклучи на овој тренд со магијата од минатото. Со неколку ретки фотографии објавени на Инстаграм, таа ги разбуди спомените од тој период, кој денес повторно е во центарот на вниманието.

Фотографиите се стари околу една деценија и кријат приватни и професионални моменти.  Семејните сцени со помалата сестра Леона полни со топлина како позираат заедно го задржа вниманието на нејзините фанови.

Но и динамичните кадар од сцената,  додека пее и ужива во она што го прави и блеска со самодоверба.

Сепак, најголемо внимание привлече онаа фотографија на Теа од плажата, во костим за капење, со јака боја на косата, уживајќи во сонцето и летната слобода.

Таа изгледа непроменето, полна е со енергија и шарм, а во описот под објавата, пејачката ја фати суштината на колективната носталгија:

„Некои работи никогаш не се менуваат, и тогаш се глупирав и сега“.

Оваа искреност веднаш предизвика бура од реакции кај фановите, кои исто така споделуваат свои спомени од истата ера, а за Теа Трајковска минатото никогаш не умира – само чека вистински момент да се врати.

Foto: printscreen/instgaram/theatrajkovska

To top