Драган Којиќ Кеба и Харис Џиновиќ се долги години на естрадата, па не е ни чудо што знаат да се шегуваат на сметка на другиот.
Сега тие двајца се најдоа на една, може да се каже, прослава, кога беше направено видео кое стана вирално.
Драган Којиќ Кеба му се прикраде на Харис Џиновиќ одзади и му постави прашање кое веднаш предизвика смеа.
– Слушаш ли на ова уво? Покажи ми, дај ми знак – праша Кеба, а Харис со насмевка на лицето одговори со знак – му покажа среден прст!
Watch on TikTok
– Добар ти е знакот – искоментирал Кеба, а Харис повторно го направил истото, покажувајќи ја својата подготвеност да се пошегува.
Кеба, кој го сподели клипот на неговиот профил на TикТок, додаде уште една шега.
– Чувај го за себе. Само сакам да те прашам уште нешто, но тоа е нашата тајна – рече тој низ смеа, што дополнително ги насмеа нивните следбеници.
фото: printscreen/instagram