Радио Милева во подкаст

Ѓорѓе Давид си ја отвори душата по сообраќајната несреќа: „Хемијата во главата ми се смени…“ (фото)

Ѓорѓе Давид си ја отвори душата по сообраќајната несреќа: „Хемијата во главата ми се смени…“ (фото)

Пејачот Ѓорѓе Давид си ја отвори душата и искрено проговори за сообраќајната несреќа на автопатот во Македонија во која, за жал, животот го загуби една жена.

– Ова е првпат да зборувам за се што се случи, бидејќи во главата сѐ уште сум на рехабилитација. Сè се случи на Свети Јован, а луѓето ми велеа дека не паметат ваква виулица и снег. Морам да кажам дека делот од патот пред границата е слабо обележан, а темнината беше густа во комбинација со маглата – се присетил Давид на кобната ноќ и објаснил дека се се случило во секунда:

– Сега знам што значи една секунда… Таа ми ја промени хемијата во главата. Во таа секунда се „отчука“ се што сум и како сум правел во животот. Ова е мојата прва сообраќајна несреќа… Налетав на судир и не можев да ги избегнам несреќните околности. Сакав само да ја заобиколам личноста во палтото, но не можев.

Давид излетал од патот и од сообраќајната несреќа излегол со полесна повреда на раката.

– По три дена, пред моите очи почнаа да се појавуваат слики од тој судир. Немаше дрога или алкохол во мојата крв и урина, а брзината беше апсолутно соодветна. Иако сите работи беа чисти како солза, сепак сум осомничен и секој 15-ти во месецот морам физички да се јавувам во Куманово кај службеничката. Да имаше некаков процес против мене, немаше да бидам слободен, туку во притвор – објаснил Давид во каква ситуација се наоѓа сега и се сеќава како минувал денови без документи во хотелот во кој престојувал:

– Паднав во нервен слом и се распаднав од плачење, а имаше и ситуации кога врескав од смеа. Сега се обидувам да разберам некои работи на кои немам одговор, но на крајот секој добива онолку колку што може да носи на самарот – рече тој во подкаст со Мили Чолиќ. Давид признава дека работата му помага да го промени фокусот, но кога е сам, времето го поминува поинаку.

– Би сакал сето ова да помине… Сите сме осудени сами на себе. Кога сум сам, тивок сум и повлечен. Не побарав стручна помош, а во главата долго ќе бидам на рехабилитација. На крајот на краиштата, го зедов истиот автомобил затоа што верувам дека ми ја спаси главата. Ме смирува возењето во сред ноќ. Кога не можам да спијам возам од центарот на градот до аеродромот и назад – ја завршил својата исповед Ѓорѓе Давид.

фото: printskrin/instagram/djordje_david/Instagram/192_rs

To top