Радио Милева идните чувари на традицијата

Гордост на мама и тато: Синот и ќерката на Наум и Зуица во дует полн емоции (видео)

Гордост на мама и тато: Синот и ќерката на Наум и Зуица во дует полн емоции (видео)

Ако до пред неколку години беше под префикс дали синот на Наум Петрески и Зуица Лазова го наследил гласот, талентот и  слухот за музика од мама и тато, денес нивниот наследник, 16 годишниот тинејџер Стефан, веќе јасно го покажува ентузијазмот и потенцијалот за музика кои се очигледни.

Младиот Стефан не многу се експинира во јавност, но веќе од пред извесен период се’ почесто можеме да го видиме и слушнеме ова шармантно и талентирано момче кое пее убаво како мама, тато и двете сестри.

Музиката и талентот се нераскинлива нишка во семејството, а и Стефан покажа дека е доследен спој кога музичките гени се во прашање.

Стефан го видовме и заедно со тато Наум на поткаст кај Лазаров, а пак мама Зуица гордо се пофали со своите две чеда, Македонка и Стефан кои пееја во дует на еден концерт со традизионална македонска музика.

„Мајкини“ стои во описот од видеото на концертот кој се прикажуваше на МРТ, а Зуица го сподели на социјалните мрежи.

За потсетување, ќерката на Наум и Зуица, Македонка веќе е музички образована на отсек соло пеење при факултетот за музичка уметност во Скопје и професионално се занимава со тоа, додека времето на Стефан допрва доаѓа.

Наум и Зуица преку караванот „Македонијо во срце те носииме“ заедно со своите колеги се чуварите на македонската традиција, а добро знаат дека веќе ги имаат и идните чувари кои ќе го следат нивниот чекор.

фото:facebook/Zuica Lazova

To top