На денешен ден, на 3 – ти фебруари, пред 89 години, е роден легендарниот македонски диригент и композитор маестро Александар Џамбазов.
Неговиот син, македонскиот шоумен Игор Џамбазов на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активен сподели емотивни зборови заедно со црно бела фотографија на неговиот починат татко.

По повод неговиот роденден, Игор напиша:
– Стариот мој. Денес ќе наполнеше 89. Колку дедо Петре. А малку повеќе од другарот Тито.

Додека за фотографијата со која се потсети на татко му тој имаше и посебно барање во коментар.
– Го молам авторот на оваа фотографија да се пријави… – јавно праша Игор.

Следбениците реагираа на неговата објава, а да се надеваме дека ќе се пријави и авторот кој го овековечил овој момент.
За потсетување, маестро Александар Џамбазов беше познат македонски диригент и композитор кој почина на 25 јануари 2022 година.

фото: printscreen/instagram




